Фото: „Слободен печат“

Еден повреден во сообраќајна несреќа помеѓу „голф“ и мотоцикл во Охрид

На улицата „7-ми ноември“ во Охрид, денеска околу 13:00 часот се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа мопед „априлија“ и патничко моторно возило „голф“, при што возачот на мопедот е лесно повреден.

Според присутните, до несреќата дошло откако возачот на „Голфот“ непрописно направил полукружно свртување на недозволено место, со што му го попречил патот на мопедот и дошло до директен судир на возилата.

Повредениот возач на мопедот е однесен во една од најблиските здравствени установи во Охрид на понатамошни проверки.

Засега ова се сите достапни информации со кои располага „Слободен печат“, се очекува соопштение од МВР со повеќе детали за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот