Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Еден од шверцерите на марихуана работел на шалтер во Клиника за онкологија

Полицијата денеска информираше дека пресекла канал за трговија со дрога од 300 илјади евра и уапсила тројца осомничени дилери. Еден од нив, според информации на „Слободен печат“, е вработен на шалтер на Клиниката за онкологија.

На 5 април, полицајци од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Неготино во координација со СВР Велес, запреле возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, кое го возел вработениот на скопска Онкологија, и во него нашле четири патни торби со 100 килограми висококвалитетна марихуана вредна 300 илјади евра.

Таа, според МВР, најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а при улична продажба би достигнала цена од 600 илјади евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот