Фото: Fabrizio Romano/FB

Еден од најпознатите напаѓачи во Премиер лигата имал тешка сообраќајна несреќа

Еден од најпознатите напаѓачи во Премиер лигата, Антонио доживеал тешка сообраќјна несреќа.

Од редовите на Вест Хем ја потврдија несреќата и информираа дека напаѓачот се наоѓа во свесна состојба.

„Вест Хем потврдува дека Мајкл Антонио е во стабилна состојба по сообраќајната несреќа. Тој е свесен и комуницира, под блиска супервизија на докторите во болницата во Лондон“, објави лондонскиот клуб.

Медиумите пренесуваат дека напаѓачот со хеликоптер од местото на несреќата бил пренесен во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот