Хенри Кавил / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Еден од најпосакуваните актери на денешницата се повреди: Снимањето на новиот филм „Хајлендер“ е одложено

Еден од најпосакуваните актери на денешницата, Хенри Кавил се повреди на снимањето на новиот филм „Хајлендер“, во режија на Чад Стахелски, пренесуваат странските медиуми.

Поради неговата повреда, продукцијата на филмот за жал ќе биде одложена до почетокот на 2026 година, но сè уште не е познато како се повредил познатиот актер.

Покрај Кавил, во филмот глумат и Расел Кроу, Керен Гилјан, Џимон Хонсо, како и неколку други познати имиња од светот на киното. Режисерот Стахелски, познат по својата работа на франшизата „Џон Вик“, го снима филмот според сценариото на Мајкл Финч.

Оригиналниот филм „Хајлендер“ од 1986 година, во кој глумат Кристофер Ламберт и Шон Конери, ја следи приказната за бесмртните воини. Заплетот се протега од шкотските висорамнини од 16 век, па сè до прометните улици на Менхетен.

Супермен доби отказ: Хенри Кавил ја потврди веста и ги разочара фановите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот