Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Еден од најдобрите светски тенисери го откажа настапот на Ролан Гарос

Само два дена пред почетокот на престижниот Ролан Гарос, италијанскиот тенисер, Матео Беретини поради здравствени проблеми се повлече од турнирот.

Поранешниот финалист на Вимблдон веќе подолг период води битка со повреди, а и покрај неколкуте надежни настапи оваа сезона, телото повторно не издржа. Оваа година успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ на стартот на турнирот во Доха, што беше голема сензација, но формата не успеа да ја задржи.

Останува отворено прашањето дали Беретини ќе успее да се врати во вистинска форма во пресрет на летните турнири, меѓу кои и Вимблдон,  местото каде во 2021 година играше финале против Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот