Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Еден од астронаутите кои денес слетаа на Земјата има „непознат медицински проблем“
Еден од денеска приземјените астронаути во САД бил задржан во болница набргу по враќањето од продолжената мисија на Меѓународната вселенска станица. Астронаутот, кој НАСА не го именуваше од причини за приватност, боледува од непознат медицински проблем.
Препорачано
НАСА првично соопшти дека целиот екипаж бил пренесен во болницата „Ascension Sacred Heart Pensacola“ од претпазливост, но не прецизираше дали целиот или дел од екипажот имал проблеми.
Останатите тројца членови на екипажот ја напуштија болницата и се вратија во Хјустон, соопшти вселенската агенција.
„Еден астронаут кој останува во болницата е во стабилна состојба, под набљудување како мерка на претпазливост“, соопшти НАСА.
Астронаутите Метју Доминик, Мајкл Барат и Жанет Епс и рускиот космонаут Александар Гребенкин се приземјија во вселенското летало на „Спејсекс“, „Кру дрегон“ во петокот во близина на Заливот на Флорида. Тие мораа да останат на мисијата два месеца подолго поради безбедносни стравувања околу новата капсула на „Боинг“, „Старлајнер“.
НАСА, која вообичаено е строга по медицинските прашања поврзани со астронаутите, одби да соопшти што го поттикнало зголеменото ниво на претпазливост или да ја опише здравствената состојбата на членовите на целиот екипаж.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
17мин
-
40мин
-
44мин
-
50мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5