Шон Комбс - Диди / Фото: Image Press Agency / Alamy / Alamy / Profimedia

Еден ден пред изрекувањето на пресудата Диди бара милост од судијата: „Преплашен сум, го загубив разумот, многу погрешив“

Само еден ден пред изрекувањето на пресудата, Диди напиша ново писмо од четири страници до судијата Арун Субраманијан, барајќи милост, пишува „Би-би-си“.

Пресудата следува три месеци откако тој беше осуден по две точки од обвинението за посредување за проституција и ослободен од обвинението за трговија со луѓе за сексуална експлоатација и рекетирање.

Тој претходно помина низ речиси двомесечно судење по апсењето во септември 2024 година и пет пати му беше одбиено ослободување со кауција.

Во своето ново писмо, Диди истакнува дека презема „целосна одговорност за своите минати грешки и изразува дека навистина му е жал за целата болка што им ја предизвикал на другите“. Тој рече дека ги преживеал двете најтешки години од својот живот и дека се обвинува себеси за својата сегашна реалност и ситуација.

Осврнувајќи се на снимките од надзорните камери на кои се гледа како ја удира поранешната девојка Касандра Кеси Вентура, како и на фотографиите прикажани за време на судењето, на кои наводно се гледаат повредите што таа ги добила од него, Диди рече дека тие се повторуваат во неговата глава секој ден.

„Буквално го изгубив разумот. Направив грешка што кренав рака врз жената што ја сакав. Жал ми е за тоа и секогаш ќе ми биде. Семејното насилство секогаш ќе биде тежок товар што ќе морам да го носам засекогаш“, напиша Диди.

Тој се присети на времето поминато во Метрополитен притворниот центар во Бруклин, истакнувајќи дека иако имало моменти кога сакал да се откаже и мислел дека е подобро да умре, неговата стара верзија починала во затвор, а новата верзија од него се преродила. Диди вели дека времето во затвор го поминал читајќи книги, пишувајќи, вежбајќи и одејќи на терапија. Диди го истакнал напредокот што го постигнал додека бил во затвор, вклучително и тоа што бил трезен за првпат по 25 години.

„Денес ве молам за ваша милост, не само за мене, туку и за моите деца. Бог ме благослови со седум прекрасни деца. Како татко, ги изневерив моите деца. Не можам да бидам тука за мајка ми кога најмногу ѝ требам. Додека ви го пишувам ова, сум преплашен. Преплашен сум да поминам уште една секунда подалеку од мајка ми и децата. Повеќе не ме интересираат парите или славата. Ништо не ми е поважно од моето семејство“, рече тој.

Тој понатаму тврди дека никогаш повеќе не би сакал да се најде во кривична судница.

„Ако ми дадете шанса, би сакал да ја споделам мојата приказна со луѓето за да спречам барем едно лице да ги направи грешките што ги направив јас“, напиша тој.

Диди го заврши своето писмо барајќи од судијата „да го направи пример за тоа што може да направи една личност ако ѝ се даде втора шанса“.

Обвинителите побараа Диди да биде осуден на повеќе од 11 години затвор, додека адвокатите на Диди бараат максимална казна од 14 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот