ЕБРД: ЕУ обезбедува 517 милиони евра за обнова на Украина

Европската унија ќе и обезбеди на Украина 517 милиони евра преку програми предводени од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од кои 143 милиони директно ќе поддржат проекти во градовите, додека остатокот ќе биде инвестиран во клучни области како што се инфраструктурата и енергетскиот сектор, соопшти ЕБОР, објави Политика.

Украина, исто така, доби заем од 100 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа, како дел од проектот дизајниран да обезбеди компензација за домовите уништени во конфликтот, пишува Политико. Парите првенствено се наменети за поддршка на најзагрозените, како што се луѓето кои останале без домови, лицата со посебни потреби и повеќечлените семејства. Украина предвидува дека околу 2.000 семејства ќе добијат нови станбени единици од средствата на Советот, се вели во соопштението на Министерството за инфраструктура на земјата.

Покрај станбениот сектор, за време на војната во Украина, значително беше оштетена и енергетската мрежа, а претседателот Володимир Зеленски истакна дека производството на топлина во земјата е намалено за 80 проценти. ЕБОР значително го зголеми финансирањето на Киев за време на војната, обезбедувајќи повеќе од 4 милијарди евра од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Сепак, закрепнувањето на Украина ќе бара многу повеќе, а трошоците за реконструкција се проценуваат на 486 милијарди долари во следната деценија, или 2,8 пати повеќе од економското производство на земјата во 2023 година, се вели во извештајот на украинската влада.

Според договорите потпишани во Берлин, ЕУ ќе обезбеди финансиски гаранции за програмите на ЕБОР во Украина, односно 140 милиони евра за финансиско вклучување и 37 милиони евра за Програмата за конкурентност и вклучување на МСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот