
Ѕвездата на „Закон и ред“ со шокантна исповед: Ме силуваше пријател, ме зграпчи и не можев да избегам
Актерката од хит серијата „Закон и ред: Единица за жртви“, Маришка Харгитеј (59) во својот есеј за магазинот „Пипл“, раскажувајќи ја својата приказна, открила трауматичен настан од животот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Имено, актерката раскажала дека нејзин близок пријател ја силувал кога имала 30 години.
„Воопшто не беше сексуално. Тоа беше доминација и контрола. Премногу контрола… Таа личност ми беше пријател. После тоа, не. Се обидов на секој начин да се извлечам од тоа, но не можев да избегам бидејќи цврсто зграпчи за рацете и ги држеше“, се присетила актерката.
Маришка детално го опишала своето трауматично искуство , велејќи дека била премногу исплашена.
„Не сакав тој терор да прерасне во насилство. Сега знам дека веќе беше насилство, сексуално насилство, но се плашев да не стане и физички насилен. Едноставно „замрзнав“, целосно се повлеков, што е вообичаен одговор на траума кога нема опција за бегство за жртвата“, додала таа.
За да го надмине болното искуство, актерката вели дека потоа ја минимизирла важноста на нападот и дека „се обидела да го турне длабоко во нејзиниот ум“. Таа му се доверила на својот сопруг Питер Херман, со кој е во брак од 2004 година, дека она што го доживеала не е силување, а долго време, како што вели, верувала дека ужасот што го доживеала всушност бил „ситен прекршок“. Таа признава дека не знаела како да се справи со болната реалност.
„Искуството беше страшно, но ни најмалку не ме дефинира“, заклучува таа во есејот.
Актерката подоцна основала своја фондација, која им помага на злоупотребените деца и жртви на сексуален напад и семејно насилство.