
Ѕвездата на „Семејството Адамс“ откри дека се борела со рак, шест години ја криела дијагнозата од јавноста
Легендарната актерка Анџелика Хјустон откри дека пред шест години ѝ бил дијагностициран рак и дека ја добила битката со тешката болест.
Препорачано
Хјустон не сакаше да открие со каков вид рак се бори, но рече дека болеста ѝ била дијагностицирана по објавувањето на филмот „Џон Вик: Поглавје 3 – Парабелум“, во кој имаше улога.
„Тоа беше многу сериозен момент за мене. Успеав да го преживеам и сум горда на себе. Не е нешто што дојде лесно. Ме шокираше, но исто така ме направи свесна за тоа што не треба да правам, места каде што не треба да одам. Едно од тие места е премногу сериозно сфаќање на животот. Па сега, кога имам шанса, се смеам и се обидувам да не претерувам“, изјавила таа за „Пипл“.
Актерката откри дека сè уште оди на редовни прегледи, но дека е без рак веќе шест месеци.
„Многу ми значи. Тоа е фантастична работа. Многу сум горда на себе и имав среќа. Моите лекари беа прекрасни“, додалa таа.
Хјустон, која е најпозната по улогата во филмот „Семејството Адамс“, исто така рече дека одлучила јавно да проговори за својата борба со надеж дека тоа ќе им помогне на другите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
39мин
-
54мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5