Емилија Кларк / Фото: Profimedia

Ѕвездата на „Игра на тронови“: Имав две мозочни крварења, па се плашев да не ме отпуштат

Англиската актерка Емилија Кларк (37) призна дека се плашела да не биде отпуштена од серијата „Игра на тронови“ („Game of Thrones“) откако претрпе две мозочни крварења, пишува „Дејли мејл“.

Таа рече дека првото крварење го имала кога завршило снимањето на серијата, а ја изгубила способноста за зборување и за малку ќе паднела во кома. Кога го добила второто крварење, морала да се оперира.

„Кога имаш повреда на мозокот, сите несигурности се четирикратни преку ноќ. Се плашев дека ќе ме отпуштат бидејќи мислеа дека не сум способна да ја завршам работата“, рекла 37-годишната актерка.

„Повеќе се плашев од отпуштање отколку од смрт“, додаде таа.

На крајот брзо се вратила на работа, но признава дека ѝ било многу стресно и го почувствувала притисокот пред камерите.

По закрепнувањето, актерката ја започна добротворната организација „SameYou“, за која таа и нејзината мајка Џени беа наградени со Најпревосходен ред на Британската Империја, за извонредни достигнувања или услуги за заедницата.

Нејзината мајка исто така беше подложена на операција за отстранување на аневризма на мозокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот