Кортни Кокс - Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

Ѕвездата на хит серијата „Пријатели“ си ги истетовирала очите па зажалила: „Ова е мојата најголема грешка, многу се каам“

Актерката Кортни Кокс, или позната како Моника од хит-серијата „Пријатели“ вели дека направила голема грешка кога истетовирала црна линија на горниот очен капак, најверојатно за да постигне ефект на трајна линија наместо да користи ајлајнер. Денес таа сериозно се кае за одлуката бидејќи тетоважата ја сменила бојата.

– Одамна ги истетовирав горните очни капаци … голема грешка. Требаше да бидат црни, но сега се сини. Па секогаш морам да носам нешто за да ги покријам, што е навистина заморно – призна оваа актерка родена во Алабама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

Кортни потоа откри дека користи кафеав молив од колекцијата на Викторија Бекам за да ја покрие сината линија и тоа навистина „ја врши работата“ бидејќи воопшто не се забележува.

Актерката, исто така, коментираше за своите веѓи, велејќи дека сега е целосно посветена на нивно растење, по години поминати со тенки веѓи (на крајот на краиштата, тоа беа 90-тите).

– Опседната сум со веѓите. Ако ги погледнете моите слики од тој период, имав најмали веѓи 20 години. Ги имав такви во „Пријатели“, ги имав во „Вресок“. Сега всушност правам микроблајдинг и користам разни препарати за да ги поттикнам да растат – вели Кортни Кокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот