Фото: Инстаграм

ФОТО | Ѕвездата на хит серијата „Како ја запознав твојата мајка“ се вери: „Ова е најубавиот ден во мојот живот“.

Ѕвездата на хит серијата „Како ја запознав твојата мајка“ и поранешниот учесник во „Значи, мислиш дека можеш да танцуваш“ Џејсон Сигел и неговата девојка Кајла Радомски се верија во бајковитата атмосфера на библиотеката Хантингтон во Пасадена.

Кајла објави пет фотографии од предлогот за брак на Инстаграм, на кои напиша „Засекогаш ДА“, со емотикон во форма на дијамант и срце. Подоцна додаде дека тоа бил „најубавиот ден во нејзниот живот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kayla Radomski (@kaylaradomski4)

Тој ја запозна Кајла откако ја раскина 8-годишната врска

Среќната вест дојде нешто повеќе од една година откако Џејсон ја заврши својата осумгодишна врска со уметницата Алексис Микстер. Тој и Кајла, која работи и како актер и продуцент, првпат се запознаа во октомври 2023 година, а официјално се појавија како пар на црвениот тепих на Златните глобуси во јануари 2024 година, кога Џејсон беше номиниран за неговата улога во серијата „Смалување“.

По тоа појавување, Кајла му посвети емотивна објава на Инстаграм.

„Неверојатно сум горда на тебе! Каков сон. Ти си еден од највредните и најзаслужните луѓе што ги познавам. Мој кандидат за Златен глобус! Ми се допаѓа што цел ден те славевме тебе и твојот талент! Те сакам толку многу, бејби!“, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот