
Ѕвездата на „Брзи и бесни“ уапсен: Мора да плати огромен долг и судски трошоци на поранешната сопруга
Актерот Тајрис Гибсон, познат по улогата во филмската франшиза „Брзи и бесни“, беше уапсен во затоа што не ѝ платил издршка на поранешната сопруга Саманта Ли, пишува „ТМЗ“.
Препорачано
Тајрис се појави во Врховниот суд на округот Фултон пред судијата Кевин Фармер за неговата битка за издршка на дете со неговата поранешна, со која ја има ќерката Сораја.
Минатата година на Гибсон му беше наложено да плаќа 10.690 долари месечно како издршка, што тој го одбил. Како резултат на тоа, судијата го прогласи за виновен за непочитување на судот и рече дека Гибсон нема да оди во затвор ако плати 73.000 долари за 48 часа, како што пишува „Холивуд репортер.
Тој, исто така, му наредил да плати 7.500 долари за правните трошоци на Саманта. Според „ТМЗ“, Тајрис плаќал само 2.200 долари месечно како поддршка за деца.
„ТМЗ“ подоцна објави дека актерот бил ослободен од притвор откако неговата адвокатка Тања Мичел Греам ја обжалила одлуката на судијата. Тој наводно не морал да плати 73.000 долари пред да биде ослободен. Тоа не значи дека актерот нема да мора да ја плати таа сума подоцна.
Актерот претходно разговарал со обожавателите за алиментацијата и рекол дека можат да го уапсат. Покрај тоа, тој го обвини судијата Фармер и адвокатскиот тим на неговата поранешна дека соработуваат против него.
„Адвокатите на Саманта, Адам Глеклен и Вилијам Александар се најдобри пријатели со судијата Кевин М. Фармер. Прилично е јасно дека ме мразат, но морам да ги потсетам на сè за мојот живот и успех. Работев напорно од мојата 14 да стигнам до тука“, рекол тој тогаш во објавата што оттогаш ја избриша од Инстаграм.
Инаку, Тајрис и Саманта се венчаа во 2017 година, а една година подоцна добија ќерка. Тие објавија дека се разведуваат во 2020 година.