
ВИДЕО | Ѕвездата на „Беверли Хилс“ бегајќи од пожарите во Лос Анџелес, се засолнила во куќата на поранешниот сопруг
Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го напушти својот дом поради пожарот во Лос Анџелес. Гарт на Инстаграм објави видео на кое низ солзи вели дека во моментот престојува во куќата на својот поранешен сопруг, актерот Питер Фачинели.
Препорачано
„Сакав да ви кажам дека сме на безбедно. Петар и неговото семејство нè пречекаа и беа толку љубезни. Длабоко сум тажна за нашиот град, само се чувствувам вкочанета“, опиша таа.
View this post on Instagram
„Нашиот дом беше поштеден, но има многу да се исчисти и да се подготвиме за да им помогнеме на нашите соседи, пријатели и други жители на Лос Анџелес. Дејв беше неверојатен додека ги носеше нашите торби и кутии, ги товареше и истоваруваше“, истакна Џени.„Благодарна сум што имаме дом во кој можеме да се вратиме. Ова поинаку ќе влијае на луѓето, ве молам понудете се да помогнете, тоа навистина значи многу. Ви благодариме на сите за љубовта што ни ја испраќате“, заклучила актерката.
View this post on Instagram
Џени Гарт и Питер Фачинели, ѕвездата на сагата „Самрак“, беа во брак од 2001 до 2013 година. Заедно имаат три ќерки – Лука Бела (28), Лола Реј (23) и Фиона Ев (19). Две години по разводот, Џени се омажи за Дејв Абрамс, додека Фачинели започна врска со актерката Лили Ен Харисон.
ФОТО | Џени Гарт се прости од Шенон Доерти: „Нашата врска беше вистинска и искрена“