Profimedia

Џулија Робертс конечно објави фотографија со нејзините деца: Сè уште ми дозволуваат да бидам онаа иста мајка, без да превртуват со очите

Познатата актерка Џулија Робертс (57) ги изненади своите обожаватели со ретка семејна фотографија на која позира со своите три деца. Фотографијата на Инстаграм ја објави нејзиниот сопруг, директорот на фотографија Дени Модер, по повод Денот на мајката.

-Мајките ги создаваат „најкул“ работите. Ги сакам овие луѓе – напиша Дени Модер покрај фотографијата.

Робертс и Модер ги имаат близнаците Хејзел и Финеус (20) и синот Хенри (17).

Instagram

Џулија Робертс неодамна во интервју за The Tonight Show со Џими Фалон откри дека нејзините близнаци почнале на факултет, додека најмладиот син Хенри останува дома.

„Две од моите три деца се на факултет и тоа е навистина возбудливо“, рече актерката, додавајќи дека е целосно посветена на поддршката на нивното образование.

„Ги учам и ги воспитувам кога се далеку од дома, исто како што би го правела тоа да се овде. Секогаш ги прашувам дали спиеле доволно, дали пиеле доволно чај кога се настинати и секогаш ги замолувам да ми пишат кога ќе дојдат дома. Неизмерно ги ценам моите деца затоа што сè уште ми дозволуваат да бидам онаа иста мајка, без да превртуват со очите. Има огромно разбирање меѓу нас“, вели Робертс, додавајќи дека сега многу почесто комуницираат преку видео повици, бидејќи тоа е единствениот начин да бидат заедно.

Актерката призна дека никогаш немала можност да студира, па особено се радува кога гледа дека нејзините деца напредуваат во образованието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот