Софија Лорен и Џорџо Армани / Фото: Profimedia

Џорџо Армани наполни 90 години: Италијанската дива Софија Лорен му го честиташе роденденот

Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани денеска наполни 90 години, а италијанската филмска дива Софија Лорен (89) преку италијанската агенција „АНСА“ му испрати специјална честитка.

„Денеска наполни 90 години, но твојот креативен гениј те прави бесмртен“, истакнала Софија Лорен, нарекувајќи го својот пријател Армани „мојот Џорџо“.

Таа му кажа на Армани дека нивното пријателство трае со децении, но дека нејзината љубов и наклонетост кон него ги прават вечни нивните заеднички моменти.

„Животот од година во година не потсетува дека безмилосно тече, но светлината во твоите очи ќе свети засекогаш и огнот на вашата страст никогаш нема да згасне. Без разлика на возраста, без разлика на времето“, истакна италијанската дива.

Таа ја заврши пораката со зборовите: „Софија многу те сака“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот