фото: kkpelister.mk

Џордан Скипер Браун е најновото засилување на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со екипирање на играчкиот ростер откако потпиша договор со уште едно американско засилување.

Станува збор за Џордан Скипер Браун, Американец кој настапува на позицијата крилен центар и треба да даде цврстина во рекетот во одбраната, но и да биде значајна опција плус во нападот.

Овој 27-годишен кошаркар по настапите во НЦАА-лигата првиот европски предизвик го имаше во белгиски Лувен, а потоа настапуваше и за тимот на Брисел.

Една година играше во словенечкиот шампионат, а пред две сезони беше дел од силната ВТБ-лига, и тоа како член на Астана.

Ланската сезона Скипер Браун со успех настапуваше за турскиот тим Трабзон.

Скипер Браун е четвртото странско засилување на Пелистер, по ангажманите на Никола Малешевиќ, Остин Прајс и Брејси Дејвис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот