Доналд Трамп имаше обраќање од Белата куќа / 4 ноември 2020 / Вашингтон ДС, САД / Фотоо: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL
Доналд Трамп имаше обраќање од Белата куќа / 4 ноември 2020 / Вашингтон ДС, САД / Фотоо: EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

„Џо, ти си отпуштен“, Трамп му забрани на Бајден пристап до доверливи информации

Американскиот претседател Доналд Трамп на сопствената социјална мрежа објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации.

Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа.

– Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до доверливи информации и ги запираме неговите дневни разузнавачки брифинзи. Секогаш ќе ја штитам националната безбедност – Џо, отпуштен си. Ќе ја направиме Америка повторно голема, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Трамп го цитира извештајот на специјалниот советник Роберт Хур, кој минатата година го опиша Бајден како „добронамерен, постар човек со лоша меморија“.

Портпаролот на Бајден одби да ја коментира одлуката на Трамп.

Новиот претседател на САД, исто така, го обвини Бајден додека бил во Белата куќа направил преседан, и дал инструкции на разузнавачката заедница да го блокира пристапот на Трамп до информациите за националната безбедност.

Во 2021 година, веднаш по преземањето на функцијата, Бајден изјави за Си-Би-Ес дека не е добро Трамп да има пристап до разузнавачките информации поради неговото „непредвидливо однесување“ и загриженоста дека може да сподели доверливи податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот