Емануел Џинобили во друштво на Коби Брајант на СП 2019 година/ фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Џинобили ќе биде примен во кошаркарската Куќа на славните

Поранешниот аргентински кошаркар, Емануел Џинобили е првото име на листата за прием во кошаркарската куќа на славните во Спрингфилд во класата 2022.

Џинобили беше успешен и на клупски и на репрезентативе план, играјќи во Европа за Виртус, во 2001 година триумфира во Евролигата и беше избран за МВП на завршниот турнир.


Потоа замина во НБА лигата и целата кариера ја помина во Сан Антонио спарс за кого играше од 2002 до 2018 година. Со Сан Антонио освои четири шампионски титули.

Со репрезентацијата на Аргентина беше олимписки шампион од ЛОИ во Атина 2004 година, додека четири години подоцна во Пекинг го освои бронзениот медал.
На СП во Индијанаполис 2002 година Аргентина го освои сребрениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!