Instagram

Џенифер Лоренс го осуди тоа што се случува во Газа и ги критикуваше политичарите: „Тоа не е ништо помалку од геноцид“

На Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан во Шпанија, американската актерка Џенифер Лоренс го осуди „геноцидот“ во Појасот Газа, и рече дека е „неприфатлив“ и ја критикуваше американската политика за недостаток на „интегритет“

„Она што се случува не е ништо помалку од геноцид и е неприфатливо“, одговори 35-годишната актерка кога беше прашана за ситуацијата во Газа, на прес-конференција пред да ја прими поесната награда.

„Многу сум загрижена за моите деца, за сите наши деца“, рече таа и продолжи да ја коментира ситуацијата во нејзината земја.

„Она што ме растажува е што ова непочитување и моменталната реторика во американската политика ќе станат нормални за нив, мислам на младите луѓе кои сега гласаат на 18 години“, додаде Џенифер Лоренс.

„За нив ќе биде сосема нормално политиката да нема интегритет. Политичарите лажат, нема емпатија и треба да запомниме дека кога игнорирате што се случува на едната страна од светот, тоа брзо ќе се случи и на вашата страна од светот“, рече таа, без да именува никого.

Добитничката на Оскар во 2013 година, изрази жалење што нејзините изјави или изјавите на нејзините колеги за актуелните прашања само служат за „дополнително разгорување на огнот“, додека прашањата што се дискутираат, според неа, треба да ги решат „оние што се избрани на изборите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот