Фото: EPA/DEBBIE VANSTORY

Џенифер Анистон за ранливиот период по разводот со Бред Пит: „Медиумскиот хаос ми остави трауми!“

Актерката Џенифер Анистон се потсети на разводот од Бред Пит и призна дека има посттрауматско стресно растројство (ПТСР) поради медиумската помпа што следеше.

Првото интервју по разделбата го даде во 2005 година, за списанието „Венити фер“, а откри дека долго време воопшто не го прочитала тој текст.

„Се сеќавам само на тоа искуство, кое беше малку потресно. Тоа беше многу ранлив период. Но, да, беше за во мемоари. Новинарството тогаш ми изгледаше како некаков спорт. Очигледно сите имаме некакво ПТСР, поради што интервјуата ме плашат“, изјави таа.

Пит ја остави Анистон поради Анџелина Џоли, а медиумите, како што вели, „направиле оброк“ од нив тројца. Денес таа го нарекува тој период од својот живот „љубовен триаголник“.

Џенифер Анистон и Бред Пит / Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

Анистон раскажа дека го пребродила скандалот така што „продолжила да оди“ и покрај сите проблеми.

„Тоа беше толку вкусно четиво за луѓето. Ако немаа свои сапуници, имаа свои таблоиди. Штета што тоа мораше да се случи, но се случи. И го сфатив лично“, рече таа, додавајќи дека немала ‘доволно силна конституција’ за да ги игнорира сите шпекулации за нејзината тогашна врска.

„Ние сме човечки суштества, иако некои луѓе не сакаат да веруваат во тоа. Тие мислат: ‘Се пријави за ова и ќе го прифатиш’. Но, всушност, не се пријавивме за тоа“, истакна актерката.

Пит и Анистон се запознаа во 1998 година, откако нивните агенти им организирале состанок. Година подоцна се свршија, а во 2000 година се венчаа. Четири години подоцна, Пит почна да го снима филмот „Господин и госпоѓа Смит“ (Mr. & Mrs. Smith) со Џоли, и брзо се појавија гласини дека се зближиле на снимањето. Во јануари 2005 година, Пит и Анистон објавија дека се разведуваат.

„Оваа одлука е резултат на долго и внимателно размислување. Остануваме посветени и грижливи пријатели со многу љубов и восхит еден кон друг“, наведоа во заедничката изјава.

Бред Пит и Џенифер Анистон / Фото: EPA PHOTO ANSA/CARLO FERRARO

Гласините за наводната неверство на Пит се засилија кога актерот беше виден во Кенија со Џоли и нејзиниот син Медокс, само три месеци по објавата за разводот.

Набргу потоа, Пит и Џоли јавно ја потврдија врската. Се венчаа во 2014 година и заедно одгледаа шест деца. Во 2016 година се разделија по жестока расправија, а разводот го финализираа дури неодамна, по долга судска постапка.

По разводот од Пит, Анистон го запознала Џастин Теру во 2007 година. Врската ја започнаа во 2011, се венчаа четири години подоцна, а по три години се разделија.

И покрај бурниот развод, Анистон и Пит останаа во добри односи. Пред неколку години, Пит присуствуваше на нејзиниот 50. роденден, а во 2020 година ја изненадија јавноста кога се прегрнаа на доделувањето на наградите на Здружението на актерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот