
Џенифер Анистон призна дека користела ботокс и филери
Додека многу познати личности негираат дека користат ботокс и филери, Џенифер Анистон одлучи да признае дека својот младешки изглед не го должи на природата, туку на третманите.
Препорачано
Иако Сандра Булок призна дека на почетокот на кариерата ѝ било советувано да се држи подалеку од Џенифер Анистон, двете беа фотографирани како заедно ја напуштаат клиниката за пластична хирургија во Конектикат кон крајот на март 2024 година, позната по лифтинг на лицето и ринопластика, што доведе до преиспитување на убавината на популарните актерки.
И додека Анистон неодамна зборуваше за нејзините причини зошто избегнува настани како Мет Гала, таа ја откри и својата страна од приказната за третманите за убавина и корекциите.
Холивудската актерка е позната како страствен љубител на физичката активност и вежба пет дена во неделата. Со помош на тренер, таа дури и дизајнираше своја програма за вежбање. Покрај тоа, таа се придржува до балансирана исхрана со повремен пост, за време на кој пости 16 часа на ден.
Сепак, тоа не значи дека таа не експериментирала со разни третмани за убавина во минатото!
„Не велам дека не сум ги пробала сите тие работи, но тоа е балансирачки чин. Сите тие работи ми изгледаат смешно“, коментираше актерката во интервју за „Гламур“, признавајќи дека пробала ботокс и филери, додека претходно се знаеше дека имала операција на носот.
Секако, бидејќи не може да каже „не“ на водечките трендови, таа го проба и полинуклеотидниот третман кој моментално е популарен во Холивуд, познат на многумина како „третман за лице со сперма од лосос“, но заклучи дека не знае дали навистина е за неа.