
ФОТО | Џенифер Анистон има нова љубов? Актерката е забележана со познатиот „љубовен гуру“ Џим Кертис на Мајорка!
Се чини дека актерката Џенифер Анистон, можеби, пронашла нова љубов, пишува „Дејли мејл“. Ѕвездата на ситкомот „Пријатели“ (Friends) пристигна на Мајорка со познатиот „љубовен гуру“ Џим Кертис по повод прославата на Денот на независноста на САД.
Препорачано
Кертис се опишува себеси како „трансформациски тренер и хипнотерапевт“ и има повеќе од 550.000 следбеници на Инстаграм. Откако му беше дијагностицирано оштетување на ‘рбетниот мозок во 1995 година, тој се впушти во алтернативен пат кон лекување, преку медитација и личен развој, кој денес го споделува со пошироката публика. Неговата содржина е полна со инспиративни цитати и афирмации за лекување по раскинување, а актерката го следи тоа речиси две години.
На Мајорка, Анистон го запознала Кертис со блиски пријатели, актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анко, и тие го продолжиле своето дружење на луксузна јахта.
Jennifer Aniston sparks romance rumors with handsome hypnotist as they vacation together in Mallorca https://t.co/mKWeCmIQJv
— Daily Mail US (@Daily_MailUS) July 8, 2025
Ова не е првпат да бидат видени заедно. Минатиот месец, тие беа забележани во луксузниот хотел Вентана Биг Сур во Калифорнија. Во мај оваа година, актерката дури сподели со своите следбеници дека ја чита книгата на Кертис „Промена: Водич за квантна манифестација“ (Shift: Quantum Manifestation Guide), водич за создавање „нова свест“.
Во април, таа изјави дека го надминала својот долгогодишен страв од летање со помош на хипноза.
„Правев хипноза… и шокантно е колку многу помага!“, рече актерката.
Познато е дека Анистон била во брак двапати – со Бред Пит (2000-2005) и Џастин Теру (2015-2018).
Актерката, исто така, никогаш не криела колку бил тежок нејзиниот пат до мајчинството. Во емотивна исповед во 2022 година, таа откри дека неуспешно се обидела да забремени преку ин витро оплодување.
„Се потрудив најдобро што можев. Беше многу тешко време. Жалам што некој ми кажа да ги замрзнам јајце клетките порано, но сега е предоцна. Сепак, не жалам за ништо“, рече таа.
Мажот кој удри со автомобил во домот на Џенифер Анистон прогласен за ментално неспособен