
Џастин Балдони се соочува со нови обвиненија за вознемирување: Анонимна личност открила искуство од снимање
Актерот Џастин Балдони повторно се соочува со обвиненија за вознемирување, како што покажува судски документ поднесен од адвокатот на Блејк Лајвли. Откако Лајвли го тужеше за сексуално вознемирување, уште една личност го откри своето искуство со актерот.
Препорачано
Во документите, лицето чиј идентитет не е откриен, тврди дека претрпело „повторени, негативни интеракции со господинот Балдони и неговите соработници, вклучително и вербално насилство од страна на Балдони“. Анонимната личност дополнително навела дека актерот „не смеел да биде на сетот за време на поголемиот дел од продукцијата поради тие искуства“.
Истата личност побарала Балдони да не биде вклучен во маркетинг и активностите за односи со јавност поврзани со филмот на кој работеле заедно. Според извори за Ти-ем-зи, таа личност најверојатно ќе сведочи на судењето помеѓу Лајвли и Балдони.
Актерката оствари уште една судска победа против Балдони, откако судот ѝ одобри важно барање.
Иако документите не се однесуваат на филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), тужителот изјавил дека претходно соработувал со Балдони на друг проект поврзан со неговата компанија „Вејфарер студиос“. Документите се поднесени на 4 септември 2025 година, под кривична одговорност за лажно сведочење.
Новите обвиненија доаѓаат откако Лајвли поднесе барање за адвокатски трошоци, тројна отштета и казнена отштета против компанијата „Вејфарер студиос“.
Во документите, таа тврди дека тужбата за клевета што „Вејфарер студиос“ ја покрена против неа била „неоснована од самиот почеток“ и претставувала одмазда поради нејзината пријава за вознемирување. Според барањето, компанијата се обидела „да ѝ го наруши угледот и да ги прикрие сопствените незаконски дела“.
Балдони продолжува со својата правна борба против Лајвли, обвинувајќи ја дека „го користи својот статус на славна личност за да има предност“.
Судската војна меѓу нив трае со месеци. Во декември минатата година, Лајвли го тужеше својот колега за наводно сексуално вознемирување на сетот, што тој го негираше. Подоцна, Балдони возврати со тужба за клевета против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс.
Актерот поднесе тужба и против весникот „Њујорк тајмс“, кој прв ги објави деталите од тужбата на Лајвли. Сепак, неколку месеци подоцна тужбата беше отфрлена, а Балдони ја повлече и тужбата против „Њујорк тајмс“.