Џафери им одговори на фракционерите на ДУИ: Немате кворум за да формирате пратеничка група

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, прими известување од пратениците Изет Меџити, Мерита Колчи Коџаџику и Кастриот Реџепи дека ќе дејствуваат како независна група пратеници и во истото известување предлагаат координатор и заменик координатор .

Претседателот Џафери, веднаш по добивање на известувањето, писмено ги извести дека:

„Согласно член 33 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Пратеничката група ја сочинуваат најмалку пет пратеника кои припаѓаат на една или на повеќе политички партии. Следствено на горенаведената одредба, немате можност да формирате пратеничка група, ниту да определите координатор и заменици координатори.

Воедно, Ве известувам дека во Собранието на Република Северна Македонија со писмено известување до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија може секој индивидуално (лично) да го достави известувањето за делување како независен пратеник“, така што, поради горенаведеното, нема можност за понатамошно процесирање на известувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот