фото: EPA-EFE/BIEL ALINO

Двократен грен слем победник суспендиран на 18 месеци поради кршење на антидопинг правилата

Австралискиот тенисер и двократен шампион во двојки на Грен слем турнирите, Макс Персел, доби 18-месечна суспензија поради кршење на антидопинг правилата, објави Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА).

Персел призна дека ги прекршил правилата со употреба на „забранета супстанца“ откако несвесно примил интравенска инфузија на витамини поголема од дозволените 100 милилитри во рок од 12 часа. Тој беше привремено суспендиран кон средината на декември минатата година.

Австралијанецот изјави дека ја информирал клиниката дека е професионален спортист и дека инфузијата мора да биде под пропишаната граница.

ИТИА прецизираше дека 27-годишниот Персел двапати примил повеќе од 500 милилитри течност преку интравенска инјекција, но дека казната му била намалена за 25 проценти поради неговата целосна соработка и транспарентност за време на истрагата.

Персел рече дека случајот сериозно влијаел на неговиот квалитет на живот во текот на изминатите неколку месеци. Ја освои титулата на САД опен минатиот септември заедно со Џордан Томпсон, а претходно триумфираше на Вимблдон во 2022 година заедно со Мет Ебден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот