мобилен телефон
Фото: Unsplash / Jonas Leupe /

Двојно измамени скопјанец и синовите, „полицаец“ им побарал мобилен за да го подари на „обвинител“

Во петокот во СВР Скопје, 36-годишен скопјанец пријавил дека тој, неговиот татко и неговиот брат биле измамени од едно лице.

Според пријавеното, на почетокот на април оваа година лицето дошло со брат му во нивниот дом и претставувајќи се дека е полициски службеник, им ветил дека преку обвинител ќе може да им помогне за случај од пред неколку години, во кој биле измамени од друго лице.

Како што е пријавено, за услугата тој им побарал мобилен телефон како подарок за обвинителот, а откако му го дале телефонот продолжиле со комуникација до крајот на мај, од кога лицето станало недостапно, по што сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот