Вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Двоен поздрав од Брисел за Црна Гора: Испратени 24.000 дози на вакцини преку КОВАКС механизмот и 200.000 евра помош

Контингент од 24.000 дози на вакцини од „АстраЗенека“ денеска пристигнуваат во Црна Гора, обезбедени преку КОВАКС механизмот, соопшти тоа Министерството за здравство.

– Сите вакцини набавени во рамки на механизмот КОВАКС се одобрени од СЗО, како водечка организација на системот на Обединетите нации што се занимава со прашањето за безбедноста на вакцините, соопшти Министерството за здравство.

На аеродромот во Подгорица, пратката вакцини ќе ја пречекаат црногорската министерка за здравје, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, шефицата на канцеларијата на СЗО во Црна Гора,, Мина Брајовиќ, шефот на претставништвото на УНИЦЕФ Хуан Сантандер, шефицата на Делегацијата на ЕУ во Црна Гора, амбасадорката Оана Кристина Попа, британската амбасадорка, Карен Медокс и резидентниот координатор на ОН во таа земја, Питер Лундберг.

На Црна Гора ќе ѝ бидат доделени и 199.505 евра од Европскиот фонд за солидарност, од побараните 424.350 евра, за кои аплицираше во јуни минатата година, се наведува во документот на Европската комисија во кој имал увид весникот „Побједа”.

Во документот се наведува дека до 24 јуни, кога бил крајниот рок за поднесување барања за средства од Фондот за солидарност, 22 земји ја искористиле оваа можност, од кои 19 членки на ЕУ (Австрија, Белгија, Хрватска, Чешка, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија , Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Полска, Португалија, Романија, Словенија и Шпанија) и три земји во процес на пристапување (Албанија, Црна Гора и Србија).

Седум земји-членки на ЕУ во своите апликации бараа исплата на аванс за очекуваниот придонес од ЕФС, и тоа Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Португалија и Шпанија, што, како што е наведено во документот, е одобрено од Европската комисија .

Србија побарала над 25 милиони евра од ЕУ, а околу 12 милиони евра се одобрени од Фондот за солидарност.

Барањата на Словенија и Полска биле одбиени затоа што, како што е наведено во документот, овие земји не ги исполнуваат условите за помош од Фондот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот