Расплет фестивал - Кочани

Дводневен хуманитарен музички настан викендов во Кочани

Викендов во Кочани ќе се одржи дводневен хуманитарен музички настан под наслов „Расплет фестивал“, на кој ќе се собираат донации за настраданите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.

„Четири месеци се поминати, но раната оставена од трагедијата е се уште свежа. За жал, вниманието на јавноста сè повеќе и повеќе се губи, а луѓето забораваат. Не смееме да дозволиме таква ситуација да остане незабележана. Тишината во овој момент е гласна, затоа ние треба да сме погласни!“, велат организаторите.

„На први и втори август се организира дводневен хуманитарен музички настан (Расплет фестивал), организиран од млади луѓе меѓу кои и бендот Корка од Кочани. Главна цел на настанот е да подигнеме свест дека донациите не треба да се намалат и дека се потребни исто како уште првите денови на формирањето на Support Kocani. Донациите стивнуваат. Ние сме овде да ве потсетиме дека донациите не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените кои чекаат за нив, од кои некои директно се вклучени во фестивалот за нивна повторна социјализација. Причината за дводневното времетраење е за да може да се привлече поголемо внимание кон Кочани и сите засегнати од трагедијата и да се собере што можно поголем број на донации“, се вели во соопштението од организаторите на настанот.

„Вториот дел од настанот (сабота 02/08/2025) ќе започне покасно, да се остави простор на мировниот марш, кои ние со сè срце го подржуваме, учествуваме и повикуваме луѓе да земаат учество и надвор од Кочани. Само ние, младите, можеме да си помогнеме едни на други. Целиот настан е посветен нa Сара Јорданова (наша драга пријателка и соученичка која го загуби својот живот во пожарот), но и кон сите други засегнати.
На сцената ќе настапат артисти како Хајка, Taxi Consillium, Корка, Алембик, Јаблан, Don Playa, Луфтанза, Соба Глувих, Големата Вода, Mallard и DJ Gianni“, додаваат организаторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот