Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Две жени и двајца мажи се тепале за пари во Драчево

Вчера, во недела претпладне, во Драчево избувнала тепачка меѓу две жени и двајца мажи, а учесниците биле на возраст од 20 до 60 години, соопшти МВР.

„На 28.09.2025 во 10:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ќ.(60) и 45-годишната Е.А., од една страна и 41-годишната С.Д. и Т.Д.(20) од друга страна, сите од Скопје. Исто така, во 21:00 часот во СВР Скопје, Е.А.(45) пријавила дека околу 13:30 часот Т.Д. и упатувал закани на неа и И.Ќ.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот