Фото: Министерство за здравство

Две пациентки со цистична фиброза го примија лекот Трикафта

Министерството за здравство соопшти дека во петокот две пациентки со цистична фиброза го примија лекот Трикафта, а утре уште двајца пациенти ќе ја добијат терапијата.

Тие во моментов се на Клиниката за детски болести и нивната состојба е стабилна. Во новата година, пациентите со цистична фиброза добиваат подобар квалитет на живот – велат од Министерството.

Минатиот месец на Клиниката за детски болести пристигна терапија за 12 пациенти со цистична фиброза. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити најави дека дополнително се предвидени 854 милиони денари за лекот, за 2024 и 2025 година, со што во следните две години пациентите со цистична фиброза се обезбедени со терапија.

Поранешната директорка на Клиниката за детски болести, д-р Стојка Нацева-Фуштиќ појасни дека е обезбедена терапија за 12 пациенти, а селектирано постепено ќе има вклучување на нови седум пациенти на секои десет дена.

Информира дека освен тие 12 пациенти кои се веќе на терпија има уште 55 лица и дека за сите тие ќе биде обезбедена терапија во текот на 2024 година.

Трикафта пристигна на детската клиника, обезбедена терапија за 12 пациенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот