Уништени улици во Киев/ Фото Anton Gerashenko/Telegram

Две лица се повредени во напад на руски дрон врз Киев

Русија во текот на ноќта го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз главниот град на Украина, Киев, соопшти утрово украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека биле лансирани рекорден број беспилотни летала Шахед од иранско производство.

До сега има двајца повредени во областа Соломјанск. Двајцата добија медицинска помош на самото место, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм.

Во истиот кварт беа регистрирани неколку пожари, вклучително и еден во градинка.

Остатоци од беспилотни летала соборени од украинската противвоздушна одбрана паднаа и во областа Печерск.

Украинското Министерство за енергетика соопшти дека со поради рускиот напад врз Киев исклучена е струјата на надземниот далновод и дека 77 станбени згради и 120 институции останале без напојување со електрична енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот