Две години ја криела мртвата мајка за да ја користи нејзината пензија

Српската полиција ја лиши од слобода шеесет и шест годишната Вера. М. од селото Појате во близина на Крушевац (Србија) поради основано сомнение дека телото на починатата мајка го криела повеќе од 2 години, за да продолжи да ја прима нејзината пензија.

Српскиот министер за внатрешни Ивица Дачиќ пред медиумите изјави дека полицијата ја уапсила В.М. од селото Појате крај Чиќевац поради криење на смртта на мајка си повеќе од две години.

– Полицијата вечерва во селото Појате кај Чиќевац ја уапси Вера. М. бидејќи ја прикрила смртта на нејзината мајка В.М. родена 1932 г. повеќе од две години за да може да продолжи да ја прима нејзината пензија. Според нашите првични сознанија мајката починала на 28 јуни 2022 година, а нејзината ќерка го чувала телото во куќата, во кревет, завиткано во ќебе. Лицето ќе биде предадено на обвинител за понатамошна постапка – изјави синоќа министерот Ивица Дачиќ.

Мајката и ќерката припаѓале на социјално ранливата категорија на лица, а според ифнормациите на српските медиуми тие примале помош и од Црвениот крст.

Инаку според пишувањата на српските медиумите мајката и ќерката, според неофицијалните информации, живееле сами во трошна куќа на крајот од селото. Од надлежното Обвинителство за тамошните медиуми не одговориле на прашањето како и кога точно е откриено телото на жената.

Според жителите со кои разговарале инспекторите, мајката и ќерката одамна ги немале видено, што, како што велат, но тоа не било невообичаено со оглед на тоа што нивната куќа била далеку од центарот на селото и била изолирана од другите, пренесуваат српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот