Фото: Данела Арсовска

Двајца приведени за нападот врз Данела Арсовска во Чаир

МВР попладнево соопшти дека двајца осомничени се на службен разговор поради денешниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во Чаир.

„Во врска со настанот во кој што е пријавено дека градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска била физички нападната, од страна на полициски службеници од СВР Скопје обезбедени се две лица кои во моментов се во полициска станица со кои се обавува службен разговор“, велат од МВР.

Арсовска претходно изјави дека била брутално нападната.

„Пред очи на полицајци ме удираше со клоци и ми се закануваше дека ќе ме силува, а цело семејство ќе ми го убие, рече таа откако излезе од Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ каде беше примена во Ургентниот центар, по нападот на Бит-пазар, каде градоначалничката вршеше увид на дивoградба спроти полициската станица.

Ме тепаше со клоци, со замавнување, со закани за силување пред очите на полицајците, вели Арсовска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот