
Дуковски побара ослободителна пресуда за Бојан Јовановски
Целата постапка, според Дуковски, се водела со селекција на докази од обвинителатвото.
Пресуда со која првообвинетиот во „Рекет“ Бојан Јовановски ќе се ослободи од обвинение по двете точки оти не е докажано ништо од обвинението побара денеска од судот неговоиот адвокат Сашо Дуковски во своите завршни зборови. Целата постапка, според Дуковски, се водела со селекција на докази од обвинителатвото, со не давање на увид изјави на сведоци од пред обвинителство, со нецелосни и незавршени вештачења и наводното тврдење на оштетениот сведок, кој го пријавил случајот.
Препорачано
– Видовме снимка од цели пет секунди, на која се гледаат банкноти од по 50 евра. Потоа како на филм на Стивен Спилберг се гледа како обвинетиот излегува со таа торба лесна како перце. Според Европската централна банка, еден милион евра во банкноти од по 50 евра би тежел 22 килограми и би требало да биде сместен во голем куфер. Според мои проценки, тогаш таа торба би требало да тежи 18,5 килограми – изјави Дуковски.
Обвинителството, нагласи тој, по сопствено убедување одлучи да не ни ги даде сите докази и на рочиште на 26 мај прави проширување на обвинителен акт.
– Во точка два, за перење пари од кривично дело 359 сега имате дека Бојан Јовановски од ноември 2017 година ги пуштил во промет парите кои ги добил незаконито. Како можел да троши пари за некое дело во 2017, кога во диспозитивот за делото истрагата за „Империја” е почната 2018 година – изјави Дуковски.