Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Дуковски: Нема ни „Р“ од рекет, ни „П“ од пари и ниту „В“ од вина

Бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, во вечерашното гостување на телевизија Алфа уште еднаш повтори дека не му е јасно зошто доколку обвинителот имал чист предмет, по секоја цена сакал да избегне вештачење на телефонот на Јовановски.

-Ако јас сум обвинител и имам чист предмет и имам чисти докази, зошто јас толку бескропомисно би се борел тој телефон во ниеден случај да не биде вештачен. Тоа е тотално неразбирливо. Со вештачењето ќе се утврдеше вистинската фактичка состојба, дека нема ни Р од рекет, ни П од пари и ниту В од вина, вели Дуковски.

Адвокатот Дуковски се осврна на пресудата која што му беше изречена на неговиот клиент Бојан Јовановски во времетраење од девет години, што според него е крајно некоректна одлука која не е поткрепена на докази. Тој вели дека неговиот клиент Јовановски не е главната фигура во случајот „Рекет” и дека е злоупотребен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот