ДУИ со нова уцена: Во втор круг поддршка за кандидатот кој ќе се согласи претседателот да се бира во Собранието

Арбер Адеми Фото: Адеми принтскрин

Измена на Уставот во делот на внес на Бугарите и избор на претседател на државата во Собрание со двотретинско и со Бадентерово мнозинство е условот на ДУИ за поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ во вториот изборен круг од претседателските избори, како и за парламентарните избори. Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ, пред Вила „Водно“ каде објави дека почнале со собирање на 10.000 потписи за кандидатурата за шеф на државата на Бујар Османи побара поддршка од Албанците и од сите други граѓани, зашто е дојдено времето да се отвори патот за Албанец претседател на државата.

– Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е изборот на претседател на државата да биде во Собранието со двотретинско мнозинство и со Бадентер, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус за да се овозможи со над 80 гласови во Собранието и со етнички консензус да се спречи етничкото надгласување од двете поголеми македонски партии.  Оваа идеја Ахмети ја претстави на вториот конгрес на партијата во Скопје во 2009 година,  кога ги наброја позициите кои тогаш беа недостижни за Албанците.  Бараме апслоутна и масовна поддршка од Албанците за Османи, за да го измениме Уставот. Ова ќе биде ставот на ДУИ и за вториот круг на претседателскте и за парламентарните избори – рече Адеми.

Прашан дали условот на ДУИ најавува бојкот на вториот круг на претседателските избори, Адеми рече дека бојкотот не е соодветно средство.

-Целосно сме фокусирани на освојување што поголема поддршка од сите. Од сите градови се потпишуваат граѓани за кандидатурата на Османи. Максимално сме фокусирани да освоиме победа но и легитимирање по изборите да се отвори Уставот во делот за претседател. Бојкотот не е соодветно средство – рече Адеми.

Прашан дали Османи поддршка за кандидатурата ќе бара и во источна Македонија, Адеми рече дека денеска Османи е во ООН каде ја преставува државата и сите граѓани и дека како кандидат за претседател бараат поддршка од сите граѓани.

Новиот услов на ДУИ прв го најави вицепремиерот Артан Груби синоќа во дебатна емисија на телевизијата Клан.

-Потребна ни е плебисцитарна и акламативна поддршката од  Албанците, во форма на референдум на овие избори за да обезбедиме од 150.000 до-200.000 гласови за претседателските избори. Ако ги обезбедиме овие гласови на 24 април во името на Бујар Осман, 1500-200.000 гласови, знаете ли колку ни е багажот во вториот изборен круг на 8 мај?  Ќе кажеме, еве го имаш овој багаж со албански гласови, седни и потпиши јавно дека го менуваме Уставот за начинот на избор на претседател и за вклучување на Бугарите. Затоа што тие гласови ќе одредат кој ќе победи, кандидатот на СДСМ или на ВМРО – изјави Груби во Клан дебата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот