Центар за јавно здравје / Фото: Архива

ДУИ критикува дека во АХВ нема ниту еден Албанец, „Вреди“ се фали дека вработила само Албанци во ЦЈЗ

Предизборното препукување на партиите од политичкиот блок на македонските Албанци, кое започна особено рано пред локалните избори закажани за наесен, денеска го продолжија опозициската ДУИ и владејачката „Вреди“, кои се натпреваруваа во убедување на своите гласачи дека вработиле повеќе Албанци во државните институции.

Најпрвин Демократската Унија за Интеграција изрази „длабока загриженост“ и „остро го осуди“ „систематското и намерно исклучување на Албанците од државните институции во Република Северна Македонија“.

Од партијата на Али Ахмети велат дека најновиот случај што јасно ја илустрира оваа загрижувачка реалност е Агенцијата за храна и ветеринарство, каде според ДУИ, од вкупно 21 вработен, нема ниту еден Албанец.

На ова одговори директорот на Центарот за јавно здравје, Мухамед Демири од „Вреди“, кој преку објава на социјалните мрежи информираше за нови промени во институцијата, кои според него биле во тоа што осумтемина последно вработени во институцијата биле Албанци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот