Пожар во Трубарево/Фото: ДЗС

ДУИ: Додека Скопје се труе, Меџити си тера партиски активности

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по пожарот во Трубарево, обвинувајќи го министерот за животна средина, Изет Меџити, за целосно отсуство и неодговорност.

„Во моментите кога Скопје беше обвиено со токсични облаци од изгорена пластика, гуми и батерии, граѓаните очекуваа информации, препораки и мерки за заштита. Но, Меџити не излезе пред јавноста, не понуди решение, а негов приоритет беа партиските активности,“ стои во соопштението на ДУИ.

Од партијата нагласуваат дека Министерството за животна средина има директна одговорност за издавање дозволи и контрола на вакви објекти, но наместо преземање одговорност, Меџити се крие зад оправдувања и обвинувања кон ДУИ.

„Наместо да измислува непријатели, оваа Влада мора да расчисти со палењето пожари и да ја лоцира одговорноста – дури и ако таа лежи во нивната неспособност,“ додаваат од партијата.

ДУИ потсетува дека „урбаниот хаос и загадувањето што Меџити ги остави зад себе во Чаир“ денеска се повторуваат на државно ниво.

„Граѓаните разбираат и на 19 октомври ќе стават крај на политиката на негрижа и егоизам, затоа што е време за лидерство кое ќе го штити здравјето и достоинството на луѓето,“ завршува соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот