Груби и Мицкоски/ Фото: Колаж на СП

ДУИ до Мицкоски: Сменет е Деловникот за работа на Владата, Груби не бил на диво прв вицепремиер

ДУИ му порача на премиерот Христијан Мицкоски да го прочита Деловникот за работа на Владата пред да коментира дека функцијата прв вицепремиер Артан Груби ја вршел на диво.

-Деловникот за работа на Владата е променет на првата седница на Владата во 2020 година и предвидува прв вицепремиер. Тоа е ветување на ДУИ коешто е остварено – велат од ДУИ за „Слободен печат“.

Според партијата на Али Ахмети, по измената на Деловникот за работа на Владата немало потреба да се промени и Законот за Влада.

Во член 5 од Деловникот за работа на Владата пишува:

-Претседателот на Владата го заменува првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш претседателот на Владата го заменува  еден од неговите заменици што тој ќе ги  определи.

Според дополнувањата на Деловникот, на претседателот на Владата во вршењето на неговите права и должности му помагаат првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата. Првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата се грижат за извршување на работите од надлежност на Владата по одделни прашања за кои ќе ги овласти претседателот на Владата. првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и замениците на претседателот на Владата го известуваат претседателот на Владата за извршување и спроведување на работите.

Мицкоски на новинарско прашање дали во новата Влада останува функцијата прв вицепремиер, рече дека според џентлменскиот договор со коалицискиот партнер, таа функција останува и дека неа ќе ја извршува Изет Меџити.  Тој објасни дека во Законот за Влада нема таква функција и дека претходниот прв  вицепремиер Артан Груби функцијата ја извршувал на диво.

Артан Груби на диво бил прв вицепремиер, Меџити го наследува според џентлменски договор

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот