курто дудуш
Курто Дудуш, градоначалник на Шуто Оризари/Фото: Слободен печат

Дудуш: Арсовска ми рече дека може да комуницираме преку службениот мејл на Град Скопје

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш на гостувањето на панелот на ЦИВИЛ, изјави дека градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска му посочила дека со институциите, новинарите и другите градоначалници може да комуницираат преку службените мејлови.

„Вчера излеговме во толку голем број, масовно, да направиме протести пред Град Скопје, затоа што градоначалничката не наоѓа за сходно да комуницира. За жал, читаме секој ден по социјалните медиуми дека и други институции се жалат на слабата комуникација, па дури денеска излезе дека и вие, новинарите се жалите за тоа дека нема фидбек од градоначалничката“ вели Дудуш.

Тој додаде: „Секогаш кога ќе ја побарате, или го немате незиниот број, или не добивате одговор. Јас можам да го потврдам тоа, лично. Јас немам телефонски број од градоначалничката, а во еден разговор, кога побарав од неа да ме стави во некоја група каде што се сите градоначалници, или да ми даде нејзин број за комуникација, ми кажа дека можеме да комуницираме преку службениот мејл на Град Скопје.“, посочи Дудуш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот