Познатите скали во Дубровник/Фото: „Слободен печат“

Дубровник забранува седење на познатите скали, ќе има и парични казни

Скалите пред црквата „Свети Влах“ се едни од најпознатите и најфотографираните места во историјата.

Дубровничките скали наскоро би можеле да изгубат една од своите досегашни функции.

Посебно внимание привлекува главната улица на стариот град, Страдун, Кнежевиот двор, црквата „Св. Влах“, Катедралата, Градското собрание.

Познатите скали во Дубровник/Фото: „Слободен печат“

Градот Дубровник најави забрана за седење на тие локации, а одлуката се образложува со потребата да се заштити културното наследство и да се обезбеди непречено движење на жителите и посетителите. За оние што нема да ги почитуваат новите правила се предвидени и парични казни.

„Одлучивме, бидејќи сакаме дополнително да воведеме одржливост и почитување на историското јадро, да воведеме забрана за седење на скалите пред црквата „Свети Влах“ и скалите. И двата претставуваат неизмерно културно наследство не само на градот Дубровник, туку и на светот, и сметаме дека кон него треба да се покаже одредено ниво на почит. Сметаме дека седењето на скалите е несоодветно, а кога на тоа седење ќе го додадете и јадењето сендвичи, сметаме дека не е во ред“, рекол градоначалникот Мато Франковиќ.

Скалите пред црквата „Свети Влах“, освен што се туристичка атракција што мора да се види, имаат и силна симболична вредност бидејќи ги поврзуваат светите објекти со урбаниот живот на градот. Нивната камена архитектура сведочи за стогодишната градежна традиција и претставува важен дел од идентитетот што Дубровник го пренесува на светот.

Мерката за забрана на седење, како што наведува градската управа, би требало да придонесе за зачувување на изгледот и функционалноста на овие простори, а воедно и да го намали проблемот со метежите што се создаваат во центарот на историското јадро во текот на летните месеци.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот