
Дубаи догодина ќе лансира воздушно такси
Патниците во Дубаи наскоро ќе можат да користат воздушни такси како побрза и посовремена алтернатива на копнениот транспорт, објави Ројтерс. Joby Aviation успешно го спроведе првиот тест лет на своето целосно електрично воздушно такси, најавувајќи го почетокот на комерцијална услуга во Емиратите уште во 2026 година.
Препорачано
Патувањето со воздушно такси помеѓу главниот аеродром во Дубаи и Палм Џумеира би траело околу 12 минути, што е пократко од 45-те минути со автомобил. „Joby“ доби ексклузивни права за управување со воздушни такси во Дубаи за период од шест години. Моделот на воздушно такси, кој е целосно електричен, може да лета до 160 километри со брзина од 320 километри на час, со нула емисии и тивко работење прилагодено на урбани средини.
Компанијата планира да ја лансира услугата со четири станици лоцирани на Меѓународниот аеродром во Дубаи, Палм Џумеира, центарот на Дубаи и Дубаи Марина. Иако крајната цел е воздушните такси да бидат достапни за широк спектар на патници, почетните цени најверојатно ќе бидат насочени кон патници со повисоки приходи.
Директорот на „Joby“ во Обединетите Арапски Емирати, Ентони Кури, рече дека компанијата сака да го промени начинот на кој луѓето патуваат на работа, додека претседателот на производството, Дидие Пападопулос, оцени дека тоа е „чекор во иднината“ на воздухопловството.