Фото: МЕПСО

Државниот МЕПСО ѝ донира нов ехо-апарат на Гинекологија Чаир

Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО) ѝ донираше 2.767.500 денари (околу 45.000 евра) на ЈЗУ Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во скопската општина Чаир. Со парите болницата набавила нов, модерен ехо-апарат за подобрување на дијагностиката кај бремените жени и жените со гинеколошки проблеми, соопшти државната компанија.

„Одлуката за донација ја донесовме како дел од нашата посветеност кон здравството и поддршката на граѓаните. Ова не е само збор на хартија, туку конкретна акција што го подобрува животот на луѓето“, изјави генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи, за време на денешната посета на болницата.

Од чаирската Гинекологија информираа дека вкупната вредност на апаратот изнесува над 3,5 милиони денари, при што останатиот дел од средствата – околу 800 илјади денари – се обезбедени од сопствениот буџет на установата.

Оваа донација претставува значаен чекор во унапредувањето на здравствените услуги и директно придонесува за поквалитетна грижа за женското здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот