Дрво паднато на кеј/Фото „Слободен печат“ / Слободан Ѓуриќ

Дрво падна на кеј, иако исушено и оштетено, не било обележано за сечење

Дрво падна на кејот на Вардар, веднаш пред куќичките каде што се продаваат стари книги, спроти градилиштето кај „Холидеј ин“. Станува збор за старо и исушено дрво, речиси без корени, кое за среќа, при падот не повредило некој минувач, но затоа паднато стебло ја попречи целата пешачка патека на кејот. Во негова непосредна близина има уште едно такво дрво, кое се уште стои исправено.

Дрво паднато на кеј/Фото „Слободен печат“ / Слободан Ѓуриќ

Како што можевме да забележиме на местото на настанот, иако дрвото е во ужасна состојба, на неговото стебло немаше никакви ознаки дека е бележено за кастрење или за сечење.

Од ЈП „Паркови и зеленило“ не одговорија зошто досега не ја утврдиле состојбата на дрвото од кое можеше да настрада некој граѓанин, но знаејќи дека од јавното претпријатие постапуваат главно по претходна пријава, веројатно никој не пријавил, што секако не е оправдување што надлежните не си ја вршат работата како што треба.

Доколку вакво необележено дрво падне врз паркиран автомобил, никому ништо, дури ни штетата на сопственикот не би му била покриена, оти се обештетува само доколку дрвото е обележено за сечење и навреме тоа не се направило.

Но, затоа до претпријатието стигнала пријава дека дрвото е паднато, па оттаму, како што велат, брзо реагирале за да го тргнат од кејот.

Ве информираме дека денес по пријава за паднато дрво на посочената локација односно на кејот на Вардар, спроти градилиштето кај ,,Холидеј Ин” оперативните екипи од сектор Дрвореди веднаш пристапија со отстранување – информираа од претпријатието, од каде ни испратија и фотографии дека работат на терен.

Отстранување паднато дрво/Фото: ЈП „Паркови и зеленило“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот