Украински дронови - Извор Х

Дронови над француската воена база во Марн

Неидентификувани дронови биле забележани над воената база Мурмелон-ле-Гранд, која се наоѓа во департманот Марн во североисточна Франција, минатиот викенд, соопштија денес француските власти, пишува N1.

Според властите, станува збор за мали беспилотни уреди, а не за воени дронови.

Инцидентот е опишан како „исклучителен“, а властите нагласуваат дека во моментов нема причина да се верува дека ова е активност на странски држави, пренесува РФИ.

Локалните медиуми известуваат дека овој инцидент се случил ноќта помеѓу недела, 21 септември и понеделник, 22 септември.

По забележувањето на неколку неидентификувани дронови, отворена е истрага и преземени се безбедносни мерки.

Француската воена база се протега на повеќе од 10.000 хектари. Инцидентот во Франција се случува во време кога неколку европски земји пријавија слични провокации во воздушниот простор.

Во последните денови, руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на Полска, Романија и Естонија.

Исто така, оваа недела беа издадени предупредувања за неидентификувани беспилотни летала што беа забележани над воените објекти во Данска, Шведска и Норвешка, што доведе до привремено затворање на аеродромите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот