Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм и фрли боја во дворот на комплексот

Неидентификувано беспилотно летало прелетало над руската амбасада во Стокхолм, фрлајќи боја во дворот на дипломатскиот комплекс, изјави шведската полиција.

Како што пишува Ројтерс досега не се извршени апсења.

“Ние инсистираме сите инциденти против руската амбасада да бидат темелно и непристрасно испитани, а сторителите да бидат пронајдени и донесени пред правдата”, се вели во соопштението на руската амбасада во Шведска.

Шведските власти се одговорни за безбедноста на амбасадата и полицијата започна прелиминарна истрага, изјави шведската министерка за надворешни работи Марија Малмер Стенергард, додавајќи дека тоа е сериозно прашање кога амбасада во земјата е подложена на вандализам.

Истражувачите ќе испитаат дали инцидентот е на некој начин поврзан со вчерашниот инцидент во шведската амбасада во Москва, чија стражарска кабина била испрскана со боја. Полицијата веднаш ги фатила демонстрантите, според белорускиот медиум Nexta.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот