Фото: RK Eurofarm Pelister

Драма во Кавадарци: Хосни херој за Еурофарм Пелистер, битолчани конечно до трофејот во Суперкупот!

Еурофарм Пелистер по две години во кои минатата година загуби од Алкалоид, а претходно од Вардар денеска во драматичен натпревар славеше победа со 28-27 и конечно го освои трофејот во Суперкупот.

Дербито започна со доцнење, а на теренот  во почетните минути подобар беше битолскиот состав, но потоа Вардар го подигна темпото и поведе со 10-6. Таа предност Вардар ја чуваше до завршницата од првиот дел кога Пелистер се врати и на пауза замина со еден гол негатива. Вториот дел започна подобро за Пелистер кој некаде на десетина минути пред крајот имаше водство од четири гола разлика 26-22.

Натпреварот влезе во драматична завршница и победникот се решаваше во последните минути од средбата. Со серија од 4-0 од Вардар, иако изгледаше дека е во загубена ситуација се врати во натпреварот и изедначи на 26-26. Одличен во тие моменти беше Гогов кој одбрани тешки топки.

Битолскиот состав сепак, дојде до ново водство од 27-26. Вардар на 40 секунди пред крајот изедначи со гол од седмерец на Јапонецот, Кавада кој одигра одличен натпевар и за него ова беше шести гол во натпреварот.

За Пелистер остана време да тргне во напад за победа, а стратегот Гарабаја повика и тајм-аут за последниот напад. Херој на шампионот од Суперлигата во тие моменти беше Тунижанецот Хосни, кој на шест секунди до крајот го реализираше нападот кој значеше и трофеј за битолчани.

Овој трофеј за Еурофарм Пелистер е вкупно трети во Суперкупот, а победата над најголемиот ривал беше четврта во низа во меѓусебните натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!