СВР Битола / Фото: „Битола њуз“

Драма во Битола: Ограбил фризерски салон, па побегнал

Истражна постапка е покрената против 22-годишен битолчанец кој е осомничен за кривично дело „разбојничка кражба“. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека битолчанецот се уште е во бегство и дека полицијата трага по него.

На 23 јуни околу пладне, осомничениот влегол во фризерски салон и побарал пари од фризерот. Тој одбил доброволно да му даде, по што осомничениот го искористил моментот кога оштетениот се оддалечил од фиоката во која го чувал прометот од фризерските услуги, ја отворил фиоката и ги одзел речиси сите пари кои биле внатре, односно 3.000 денари.

– Веднаш се обидел да избега од салонот, но оштетениот го фатил и го држел за да го спречи да замине додека не биде повикана полиција. Затекнат при кражбата, осомничениот му се заканил на оштетениот дека ќе го испрска со солзавец, поради што тој го пуштил да си замине со украдените парични средства, информира денеска Јавното обвинителство.

До Основниот суд во Битола доставен е предлог за притвор кој ќе почне да се применува веднаш што лицето биде пронајдено.

– Притворската мерка е побарана бидејќи се работи за лице кое и претходно е осудувано за исти и слични дела и очигледно е дека се крие и се обидува да ги избегне органите на прогонот. Исто така, важни докази за настанот се исказите на оштетениот и на сведоците кои во моментот биле присутни во фризерскиот салон, па без најстрогата мерка за обезбедување постои реална опасност осомничениот да се обиде да влијае врз нив и со тоа да ја попречува истражната постапка. Јавниот обвинител особено го имаше предвид исказот на оштетениот кој се чувствува загрозен и бара да биде заштитен од осомничениот во текот на постапката, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот